Во пресрет на големиот христијански празник Божиќ, Фондацијата „Елеуса“ од Струмица реализираше голема празнична хуманитарна акција. Под мотото „Љубовта е давање, а давањето е радост“, околу 200 семејства во социјален ризик од Струмичката Православна епархија добија хуманитани пакети со основни намирници.
„Се работи за традиционална акција која има за цел ниту едно семејство од регионот да не остане без пристојна трпеза за време на празниците. Освен граѓаните и општествено одговорните компании, годинава во акцијата се вклучија и учениците и вработените од средните општински училишта“ – вели Катерина Дафчева од Фондација „Елеуса“.