Вчера Општинскиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ како дел од агендата на Претседателската кампања 2024 година организираше средби со граѓаните во Струмица заради промоција на кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова, нејзината програма и идеи.
„ВМРО-ДПМНЕ го посети Здружението „Размислувај различно“, а синоќа оствари средба со граѓаните од I и VI Урбана Месна заедница во Струмица“, информираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струмица истакнувајќи дека граѓаните секаде го изразуваат незадоволството од актуелната состојба и власта и бараат промени.
Денеска во текот на денот се планирани средби со здруженија на граѓани, а вечерта со почеток во 20:30 часот, ВМРО-ДПМНЕ ќе оствари средба со граѓани од II Урбана Месна заедница (на локација во близина на „Лебед“).