Од Противпожарната единица на Струмица со информација за вечерашната интервенција под трим патеката каде падна 16-годишната девојка.
„Вечерва околу 21:00 часот по добиена дојава од ЦУК 112 за паднато 16-годишно девојче во провалија на трим патеката „Св. Илија“, на терен излегоа два тима од 7 пожарникари – спасители со алпинистичка и друга опрема. По интензивна потера која траеше околу 30 минути, заедно со тим од полицајци и тим на Брза помош девојчето беше лоцирано во свесна состојба, стабилизирано и извлечено од провалијата и префрлено во ЈЗУ Општа болница – Струмица“.