Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков синоќа отслужи празнична вечерна служба во чест и спомен на Свети Василиј Велики во храмот на Светите Кирил и Методиј во Струмица.
Верниот народ се поклони пред светите мошти на Светителот кои ќе бидат изнесени во храмот и во текот на денешниот ден.
Владиката Јаков синоќа на сите присутни им подели лепчиња со сребрена паричка со ликот на Свети Василиј Велики.