Филмот со најмногу номинации за оскар „Сè во исто време“ во вторник, 17 октомври ќе се прикажува во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица.
Режисерското дуо Даниел „Ден“ Кван и Даниел Шајнерт, познати како Даниелс, инспирирани од документарецот „Маршот на Шерман“, почнаа да ја истражуваат алатката за раскажување приказни во 2010 година. Дванаесет години и многу промени подоцна, нивниот филм „Сè во исто време“ со неверојатна сила и самодоверба пристигна во нашиот универзум и ги размрда кино-благајните, што во последно време се преполни со суперхеројски филмови.
Повозрасна кинеска имигрантка е вовлечена во незамислива авантура во која таа се обидува да го спаси светот, истражувајќи паралелни универзуми во кои се среќава со животните патишта кои би можела да ги има.
Сè во исто време (16+)
- Глумци: Jamie Lee Curtis, Michelle Yeoh, Stephanie Hsu
- Режисер: Dan Kwan, Daniel Scheinert
- Жанр: Авантура, Комедија, Фантастика
Вторник, 17 октомври | 20:00 часот | НУЦК „Антон Панов“ Струмица | Влез: 250 денари