На завршните натпревари од Државното првенство во одбојка за средни училишта во женска конкуренција што се одржаа во Тетово, екипата на СОУ „Јане Сандански“ од Струмица, предводена од професорот Гоце Кончалиев го освои првото место и стана средношколски шампион.
Тие славеа победа над двете екипи кои конкурираа за титулата, домаќините СОУ „Кирил Пејчиновиќ“ од Тетово со резултат 2:0 и СУГС „Георги Димитров“ од Скопје со резултат 2:1 за струмичанките.
На Државното првенство за најдобра одбојкарка е прогласена Добрина Хаџитосева од екипата на СОУ „Јане Сандански“.
Одбојкарите на СОУ „Јане Сандански“ од Струмица неодамна стана шампиони и со машката одбојкарска екипа на Државното првенство во одбојка за средни училишта во машка конкуренција.