Македонската женска одбојкарска репрезентација со победа ја стартуваше ЦЕВ Европската сребрена лига, откако во Спортската сала „Парк“ во Струмица го совлада Луксембург со максимални 3:0 во сетови (25:16, 25:19, 25:14).
Најефикасна во македонските редови беше Теа Терзиевска со 14, додека Тамара Стојанова и Ана Фасулева запишаа по 8 поени.
За македонските одбојкарки денеска е слободен ден пред утрешниот дуел против Швајцарија со почеток во 20:00 часот во салата „Парк“ во Струмица.