Одбојкарите на „Штип УГД“ не дозволија од струмичани нов пораз на свој терен, па ги надиграа со 3:0 во сетови (25-21, 25-23, 25-15) и се изборија за нов натпревар во финалната серија, сега е 2-1 во партии за струмичкиот тим.
ОК „Струмица 47&72“ со водство од 2-0 во финалната серија не успеја вечерва во Штип уште еднаш да го победи својот ривал и да ја освои титулата. Во понеделник во четвртиот натпревар, на домашен терен во Струмица ќе се бори за 12-та шампионска титула. Стартот е закажан во 19:00 часот во Спортската сала „Парк“.