Овој пат во Штип, одбојкарите на Струмица по 11-ти пат го кренаа шампионскиот пехар. На вечерашната четврта средба со „Штип УГД“, актуелниот првак ја одбрани титулата во македонскиот шампионат и стаса до третата победа со резултат од 3:1 и останува доминатен клуб во македонската одбојка.
Доколку во куп-финалето дозволија да бидат изненадени од големиот ривал, струмичани во овој плеј-оф беа подготвени за предизвикот, покажаа повеќе од противникот од Штип и заслужено ја добија оваа финална серија.