Одбојкарите на „Струмица Никоб“ триумфираа на гостувањето кај „Шкендија“ во Тетово со 3:1 во сетови, (18:25, 19:25, 25:23, 13:25), во дербито на двете најуспешни екипи сезонава во Првата македонска машка одбојкарска лига.
Без оглед што првпат сезонава загуби сет на туѓ терен, бранителот на двојната круна го потврди првото место пред разигрувањето.