Одбојкарите на Струмица беа поразени во големото финале од Купот на Македонија од одбојкарите на УГД Штип. Тие се новите освојувачи на Куп титулата, најголемо достигнување во својата историја. Завршницата од Купот се играше во Штип, а домаќините ги победија струмичани со 3:2.