Пораз на македонскиoт првак во одбојка – ОК „Струмица“ од гермaнскиот претставник ОК „Дирен“, со максимални 0:3 (15:25, 19:25, 17:25), на домашен терен во Спортската сала „Парк“ во Струмица.
Германците беа многу подобри, особено на мрежа, за што сведочат освоените поени по успешните блокади, 11 наспроти трите за струмичани, и времетраењето на натпреварот, само 69 минути.
Ова беше првиот шеснаесетфинален натпревар во Купот на ЦЕВ. Реванш натпреварот ќе се игра во Дирен на 30 ноември.