Актуелниот шампион во одбојка ОК „Струмица“ попладнето на домашен терен, во вториот полуфинален натпревар, пак ги надиграа одбојкарите на „Универзитет во Тетово“ со 3:0 во сетови. Со двете победи во серија си обезбедија пласман во финалното натпреварување за освојување на шампионскиот трофеј. Тие веќе утре би можеле да го дознаат својот противник во битката за шампионскиот трофеј.