сабота, 13 септември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Одбележување: 23 години од убиството на македонските бранители Атанас Јанев и Кољо Китанов

недела, 23 јуни, 2024 | 11:04
in Вести, Струмица
Одбележување: 23 години од убиството на македонските бранители Атанас Јанев и Кољо Китанов

Пред Споменикот на загинатите бранители Атанас Јанев и Кољо Китанов на булеварот „Маршал Тито“ во Струмица, денеска беше одбележана 23-годишнина од загинувањето на младите македонски бранители, Атанас Јанев од Струмица, специјалец во ПЕП, учесник во воениот конфликт во Република Македонија во 2001 година, кој загина на 23 јуни 2001 година во битката за Арачиново на возраст од 25 години и Кољо Китанов од Сарај, кој беше убиен на 6 јуни 2001 година на неполни 20 години од терористичка банда во близина на тетовското село Гајре.

Членови на семејствата Јаневи и Китанови, членови на Советот на општина Струмица, претставници на СВР Струмица и други почитувачи положија свежо цвеќе пред Споменикот, а за животот и делата на трагично загинатите бранители зборуваше Танкица Трендова, член на Советот на општина Струмица.

„Пред 17 години, Општина Струмица го подигна овој споменик како сведоштво за нашиот незаборав. Да ја споделуваме меѓусебно љубовта кон татковината и да ги почитуваме оние кои ја пролеале својата крв и ги положиле своите животи за неа, но и за сите нас“ – кажа Трендова.

Во чест на бранителите Јанев и Китанов, беше изведен и рецитал од рецитаторите при Домот за деца и млади „Благој Јанков Мучето“ од Струмица.

Атанас Јанев е роден на 23 август 1976 година во Струмица. Неговата фамилија потекнува од струмичкото село Мокриево. Во детството секогаш сакал со постарите да муабети и да слуша за минатото на својот народ и земја. Уште тогаш го имал патриотскиот дух. При секое минување низ градскиот плоштад, застанувал и се поклонувал пред споменикот на Гоце Делчев, не претпостувајќи дека и самиот ќе го прифати татковинскиот позив и ќе замине на бранителската задача. Премногу го почитувал и споменувал ликот и делото на Гоце Делчев. После полнолетството, Атанас имал силни желби да и служи на татковината и да се приклучи во специјалците. Откако е вработен како полицаец, тој брзо напредувал и станал припадник на струмичката Посебна единица на полиција. Кога започнал воениот конфликт во 2001 година, го прифати татковинскиот позив и останаа достоен и верен на заклетвата. Неколку месеци пред да почне војната во 2001 година, во декември 2000 година тој стапил во брак со неговата сопруга Зорица, која веќе била бремена и очекувале прво дете. Атанас не доживеа да си го дочека и да го фати во раце своето чедо, кое денес го носи и неговото име, Атанас, има 23 години и присуствуваше на денешниот помен во чест на неговиот татко. Атанас Јанев загинал во битката за Арачиново на денешен ден, 23 јуни 2001 година.

Кољо Китанов е роден на 2 септември 1981 година во струмичкото село Сарај. Кољо во себе носеше комитска крв и беше патриотски настроен. Неговиот прадедо бил соработник на Даме Груев и сведок на неговото убиство кај Петлец, близу Русиново, беровско. Неговиот дедо Јаким Китанов за време на Втората светска војна активно се борел против балистичките чети на Шар Планина, каде што неговиот внук ќе загине во 2001 година на 20-годишна возраст. На 6 јуни 2001 година, Кољо е убиен од терористичка банда во близина на тетовското село Гајре, заедно со неговиот старешина, водникот Исак Руфати. Беа пречекани во заседа и изрешетани во военото „пик-ап“ возило со кое носеле храна до своите колеги на Шар Планина.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Нападната жена од невенчаниот сопруг, а синот и се заканувал – двајцата се приведени во Полициска станица

Next Post

Приведени три лица, кај еден од нив пронајдена бела прашкаста материја

Related Posts

ЗНАМ до ОИК Струмица ја поднесе листата со кандидати за советници – Александар Илиев ќе ги предводи 23-та кандидати
Вести

ЗНАМ до ОИК Струмица ја поднесе листата со кандидати за советници – Александар Илиев ќе ги предводи 23-та кандидати

петок, 12 септември, 2025 | 20:16
Доктор Миле Гогов ќе биде носител на советничката листа на СДСМ на претстојните Локални избори
Вести

Доктор Миле Гогов ќе биде носител на советничката листа на СДСМ на претстојните Локални избори

четврток, 11 септември, 2025 | 22:51
Во Центарот за култура поставени делата изработени на годинашната Струмичка ликовна колонија
Вести

Во Центарот за култура поставени делата изработени на годинашната Струмичка ликовна колонија

четврток, 11 септември, 2025 | 22:08
Струмица ја одбележува 81-та година од ослободувањето на градот
Вести

Струмица ја одбележува 81-та година од ослободувањето на градот

четврток, 11 септември, 2025 | 12:37
Денеска Струмица го слави ослободувањето на градот од пред 79 години
Вести

Денеска Струмица го слави ослободувањето на градот од пред 81 година

четврток, 11 септември, 2025 | 08:47
Во Струмица ќе се одржи панел дискусија на тема „Европска иднина за Југоистокот – земјоделство и улогата на заедницата“
Вести

Во Струмица ќе се одржи панел дискусија на тема „Европска иднина за Југоистокот – земјоделство и улогата на заедницата“

вторник, 9 септември, 2025 | 15:53

ТОП ВЕСТИ

Доктор Миле Гогов ќе биде носител на советничката листа на СДСМ на претстојните Локални избори
Во Центарот за култура поставени делата изработени на годинашната Струмичка ликовна колонија
Струмица ја одбележува 81-та година од ослободувањето на градот

ВЕБ БИЛБОРД

Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Репертоар на 33. ФКТ „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември
На 3-ти септември хуманитарен концерт за помош на малата Тијана
Пазарот во Ново Село наместо во четврток ќе биде отворен во среда
Во вторник премиера на „Стјуардеси“ – парите од продажбата на билети ќе бидат донирани за 9-годишната Тијана
Вечерва „финале со мозаик од емоции“ – Завршува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist