Во организација на Здружението за промоција на италијански јазик и култура „Кво Вадис Ад Астра“ од Струмица, во соработка со Амбасадата на Република Италија и Општина Струмица на 4 јуни (вторник) од 19:30 часот во Амфитеатарот во голмеиот Градски парк во Струмица ќе се одблежува Денот на италијанско-македонското пријателство.
Дел од забавната програма е музичкото шоу на италијанската група „Mezzotono“. Препознатлива по репертоарот кој се изведува целосно А капела.
„Она што го слушате како музика не се вистински инструменти, туку перформансите на само пет извонредни вокали кои имитирајќи го звукот на инструменти приредуваат неверојатно шоу. Обожавани од публиката поради забавниот и комичниот пристап со кој го поттикнуваат учеството и на публиката на убав, забавен и спонтан начин“ – велат во најавата организаторите на оваа италијанско-македонското.