вторник, 1 јули 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Објектот на стариот Суд во Струмица ќе прерасне во Митрополија на Струмичката Православна епархија

вторник, 25 февруари, 2025 | 16:50
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Објектот на стариот Суд во Струмица ќе прерасне во Митрополија на Струмичката Православна епархија

фотоархива 2019

На местото на стариот Суд во горниот дел на градот Струмица, кој се наоѓа веднаш до Црквата „Св. Кирил и Методиј“, ќе се гради Митрополија на МПЦ – Струмичка Православна епархија. Советот на општина Струмица на денешната седница едногласно донесе одлука овој објект, кој е во руинирана состојба да и го отстапи на трајно користење на Струмичката епархија.

Според одлуката, со давањето на трајно користење на објектот се дава и право на целосна реконструкција според постоечкиот проект и техничката документација, а врз основа на добиени согласности од Заводот за заштита на спомениците на култура и Музеј и Управата за културно наследство.

„Ова навистина е важен момент за Струмица и важен момент за одлуките на Советот којшто верувам во духот на единството и во духот на поддршката на вистинските вредности коишто ги негува и штити Струмица, а ќе биде нескромно да не се спомне под силната закрила на Православната црква, а особено на Струмичката епархија, но мора да признаеме дека сме една од ретките Општини, една од ретките епархии коишто немаат своја Митрополија и тоа мораме да го корегираме. За таа цел одлучивме Стариот суд за кој што од страна на Општината се обезбедени заштитно-конзерваторски извештаи, изготвен е проект, изготвена е пресметка и за рушење и за градење на Митрополијата и би сакал со нив да ги запознаам и советниците и граѓаните. Потребните средства за рушење би биле 1.404.962 денари, а за изградба на Митрополијата 31.257.631 денар согласно пресметките. Убеден сум дека Струмичката епархија заедно со силна поддршка на општина Струмица и заедно со многу одговорни компании ќе успееат да го реализираат она што навистина го заслужуваат верниците од општина Струмица“ – кажа градоначалникот Костадин Костадинов, образложувајќи ја одлуката.

Овој објект по реконструкцијата ќе биде официјално седиште – Митрополија на Струмичката Православна епархија.

ShareTweetShare
Previous Post

Полицијата приведе 18-годишно момче, кај него дома биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка, предмети со остатоци од марихуана

Next Post

Центарот за култура „Антон Панов“ од Струмица ја објави Годишната програма за 2025-та, поддржана од Министерството за култура и туризам

Related Posts

Во вчерашната полициска акција запленети 100 килограми марихуана
Вести

СВР Струмица за вчерашната полициска акција

вторник, 1 јули, 2025 | 15:56
Мерцедес се забил во дуќан кај главната болница во Струмица – едно лице потешко повредено
Вести

Мерцедес се забил во дуќан кај главната болница во Струмица – едно лице потешко повредено

вторник, 1 јули, 2025 | 15:35
Во вчерашната полициска акција запленети 100 килограми марихуана
Вести

Во вчерашната полициска акција запленети 100 килограми марихуана

вторник, 1 јули, 2025 | 11:21
Во полициска акција кај автобуската во Струмица фатени тројца луѓе со дрога – судир на повеќе возила на раскрсницата
Вести

Во полициска акција кај автобуската во Струмица фатени тројца луѓе со дрога – судир на повеќе возила на раскрсницата

понеделник, 30 јуни, 2025 | 20:04
Новата струмичка болница наскоро ќе биде пуштена во употреба – кабелот до трафостаницата е поврзан
Вести

Новата струмичка болница наскоро ќе биде пуштена во употреба – кабелот до трафостаницата е поврзан

понеделник, 30 јуни, 2025 | 15:23
Претрес во струмичко, пронајдена марихуана кај 18-годишно момче
Вести

Претрес во струмичко, пронајдена марихуана кај 18-годишно момче

понеделник, 30 јуни, 2025 | 13:26

ТОП ВЕСТИ

Мерцедес се забил во дуќан кај главната болница во Струмица – едно лице потешко повредено
Во полициска акција кај автобуската во Струмица фатени тројца луѓе со дрога – судир на повеќе возила на раскрсницата
Од 1 јули се воведува забрана за движење во шумите

ВЕБ БИЛБОРД

Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

НАЈАВА

На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост
Во Струмица на 13 и 14 јуни PopUp Базар – четврто издание
На 9-ти јуни во Струмица – Хуманитарен настан за настраданите во Кочани
Стартува 4-то издание на маѓународниот фестивал на класична музика „Струмица 2025“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist