Кандидатот за градоначалник на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков по синоќешното официјализирање на кандидатурата од страна на Извршниот комитет на партијата, денеска од Општинскиот комитет во Струмица имаше обраќање до партиските членови и граѓани со благодарност за поддршката што му ја даваа во изминатиот период.
„Визијата за помодерна, урбана и почиста Струмица не е само моја, туку е ваша визија. Наша задача е да ги поддржиме младите, да се грижиме за постарите и да ја развиваме и унапредуваме локалната економија“, кажа кандидатот за градоначалник на општина Струмица, Петар Јанков најавувајќи дека во наредниот период ќе разговара со граѓаните, ќе ги слушне нивните потреби и размислувања за развој на општина Струмица.