Центарот за истражување и анализи „НОВУС“ од Струмица, во партнерство со Фондација за развој на образование и култура Албиз, а во рамките на проектот „Платформа за инвестиции во заедницата“, денеска во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица организираше Хуманитарен fundraising настан, со кој го одбележа Меѓународниот ден на лицата со попреченост, а беше презентирана и Платформата за инвестиции на заедницата www.cip.mk, на која што секоја организација може да си стави своја идеја за прибирање на финансиски средства од граѓани, бизнис секторот и дијаспората.
На настанот присутните имаа можност да се запознаат со социјалната мисија и претприемачките идеи на неколку важни здруженија кои заслужуваат почит и внимание не само на 3-ти Декември, туку секој ден од годината.
На своите штандови се претставија: Здружението на лица со телесен инвалидитет „МОБИЛНОСТ“, Здружението на лица со интелектуална попреченост „ПОРАКА“, Етно Ресторан „Кај Виктор“ Босилово, ОО на Црвен Крст во Струмица и Роза Мојсовска како уметник.