ЈП „Паркиралишта Струмица“ денеска доби ново раководство, откако градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков, ја разреши досегашната директорка Мери Спасова, која функцијата ја извршуваше само еден месец, назначена во периодот на предизборната кампања од претходниот градоначалник Костадинов.
На нејзино место, како ВД директор, е именуван Александар Петровски. Тој има 41 година и е инженер агроном по професија, а во моментов ги продолжува своите академски студии на магистерска програма при Правниот факултет.
Со новото именување, градоначалникот Јанков продолжува со кадровските промени во општинските јавни претпријатија, со цел, како што се посочува од општината, да се обезбеди поефикасно и професионално управување.




























