Почитувани сограѓани,
Измина уште една година, од една страна многу предизвикувачка, а од друга страна многу важна за општина Ново Село. Направивме многу важни проекти, допревме до скоро секое домаќинство и контактиравме со секој еден од Вас, за да пробаме да најдеме решение за Вашите проблеми.
Со најограничениот буџет во државата и една од најголемите територии, јас можам да кажам дека сум горд на реализираните проекти во 2023 година.
Новата година која доаѓа, ќе даде многу нови предизвици, во 2024 година треба да се навратиме на тоа, да се гледаме прво како Македонци. Ќе се обидат да нѐ поделат, ќе се обидат да направат лажни стории и ќе се обидат да нѐ раскараат помеѓу нас. Но, ние треба да знаеме дека пред се, треба да се држиме до тоа што нѐ спојува, а тоа е нашето македонското.
Буџетот за 2024 година е креиран да биде развоен. 56% од буџетот ќе бидат за реализација на капитални инвестиции, за да можеме да допреме до секое домаќинство и да Ви ги подобриме условите за живеење.
Точно е дека останавме уште многу малку, но сите ние ако се сплотиме, можеме да направиме многу заеднички подобри денови за оваа наша Македонија.
Ви посакувам среќна Нова 2024 година, да се поддржуваме, да се гледаме и да се почитуваме како Македонци.
Ѓорѓе Божинов, градоначалник на општина Ново Село