Утре во 20:00 часот во НУ Центар за култура „Антон Панов“ Струмица премиерно ќе биде изведена претставата „Стилист“, работена според комедијата „Кројач за дами“ на Жорж Фејдо. Режијата и адаптацијата се на Синиша Евтимов, сценографијата на Илина Ангеловска, а костимите на Ване Василев.
Во претставата играат: Стојан Велков-Трн, Танкица Стојанова, Игор Тодоров, Оливера Аризанова-Мансбарт, Коста Ангов, Анкица Бенинова, Васил Михаил, Јулија Милкова и Ангелина Тренчева Ангелова.