четврток, 31 јули 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Нова претстава за деца од струмичкиот Народен театар – „Царевата нова облека“

сабота, 7 октомври, 2023 | 10:27
in Вести, Струмица
Нова претстава за деца од струмичкиот Народен театар – „Царевата нова облека“

Струмичкиот Народен театар во недела на големата сцена во Центарот за култура „Антон Панов“, премиерно ќе ја постави детската претстава „Царевата нова облека“ од Ханс Кристијан Андерсен, а во режија на познатата струмичка актерка, Јасмина Вучкова.

Директорката на НУ Центар за култура „Антон Панов“, Белагија Аливкинова вели дека со овој проект, имајќи го во предвид малиот број на изведби и продукции за најмладата популација во Струмица, младите ќе имаат можност да учествуваат, да сведочат за еден спектакл од светски рамки на наш јазик, а со кој ќе се имплементираат нови песни на македонски јазик и нивно афирмирање и препознатливост.

„Преку оваа претстава сакаме да раскажеме приказна на еден поинаков начин за еден цар којшто бил измамен, кој верувал во нешто кое воопшто не постоело“, додаде директорката Аливкинова на прес конференцијата како најава за премиерната изведба на претставата „Царевата нова облека“.

„Самобендисаноста и себичноста, кои го тераат човека да гледа единствено кон себе, наспроти емпатијата и грижата, кои му даваат поширок светоглед. Доброто наспроти злото и лагата наспроти вистината. Повеќеслојноста на текстот отвора и други теми, но овие се клучните кои треба да ја засегнат најмладата публика. Во претставата публиката ќе биде директно вклучена заземајќи страна и тоа ќе придонесе за активно размислување на децата. Сето тоа ќе биде прикажано и раскажано на многу игрив и динамичен начин, преку креативни сцени, дијалози, низ танц и песна“, вели режисерката Јасмина Вучкова.

Осум актери на струмичкиот Народен театар ќе играат во оваа претстава предводени од Царот – Кољо Черкезов. Коста Ангов ќе биде шутот, гласникот и раскажувачот, царската кројачка е Оливера Аризанова – Мансбарт, а нејзината ќерка е Анкица Бенинова. Улогата на првиот измамник ја игра Стојан Велков – Трн, а вториот измамник Танкица Стојанова, додека царскиот советник за мода е Ванчо Василев, а првиот дворјанин и дворски сликар е актерот Игор Тодоров.

Драматизацијата ја напиша Ацо Гогов, изборот на костими е на Ванчо Василев, сценскиот дизајн го подготвија Ванчо Василев и Кољо Черкезов, а музиката е на Боби Ѓошиќ. Сликари – изведувачи се Александар Филев и Ана Божијанова.

Недела, 8 октомври | 12:00 часот | Центар за култура – Струмица

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Во Струмица ќе се одбележи Денот на хип-хоп културата

Next Post

Претрес во Струмица, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица

Related Posts

Ликовното богатство од Струмица пренесено во Гевгелија со изложбата на дела од 61-та Струмичка ликовна колонија
Вести

Ликовното богатство од Струмица пренесено во Гевгелија со изложбата на дела од 61-та Струмичка ликовна колонија

среда, 30 јули, 2025 | 15:42
Пет лица од Баница добија 30-дневен притвор за напад на полициски службеник
Вести

Струмичкото јавно обвинителство отвори истрага за струмичанец кој се обидел да подметне пожар на викендица

вторник, 29 јули, 2025 | 18:08
Четврток ќе биде пазарен ден во Струмица
Вести

Петок, 1 август ќе биде пазарен ден – во сабота нема да работат пазарите во Струмица

вторник, 29 јули, 2025 | 09:49
Приведен крадец во Струмица
Вести

СВР Струмица реагира на објави на социјалните мрежи од страна на политичка партија

понеделник, 28 јули, 2025 | 12:39
СДСМ Струмица реагира: Кој се обидува да се сокрие зад некогаш реномираниот ТВ Канал ВИС?
Вести

СДСМ Струмица за реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ: Со нивното соопштение, само потврдија дека правдата е селективна

понеделник, 28 јули, 2025 | 12:04
Поради сообраќајка патниот правец Струмица – Радовиш се одвива наизменично
Вести

Патниот правец Струмица – ГП „Ново Село“ е затворен за сообраќај на товарни возила, другите возила се пренасочува

понеделник, 28 јули, 2025 | 10:43

ТОП ВЕСТИ

Вклучен е авион за гасење на пожарот во непосредна близина на градот Струмица
Александар Гудев: Зафатена е поголема површина со оган, изгореа две викендици побарана е помош од Валандово
ВИДЕО: Стојанче Ангелов за пожарот кај градските гробишта во Струмица: Нема потреба од паника

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации

ВЕСТИ од Македонија

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

НАЈАВА

Петок, 1 август ќе биде пазарен ден – во сабота нема да работат пазарите во Струмица
Младата уметница од Струмица Камелија Каламерникова ќе постави изложба во Градската уметничка галерија
Во понеделник – Протестен марш за живот! Воздухот и во лето смрди, се палат депонии
На 11 и 17 јули во југоисточниот регион ќе се изврши втора ларвицидна и теристична дезинсекција
ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот во Струмица ќе одржат трибина – на неа ќе говори и лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist