На денешната конститутивна седница на новиот состав на Советот на општина Струмица, за претседател е избран доктор Никола Маџунков.
Маџунков, кој беше носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, доби поддршка од мнозинството советници — вкупно 14 гласа „за“.
Советот на општина Струмица брои 23 членови. По последните локални избори, мнозинството во Советот го обезбеди ВМРО-ДПМНЕ со своите коалициски партнери, 13 гласови, додека СДСМ има 8, а ЗНАМ и Левица по еден советник.
Со изборот на Маџунков, новиот советнички состав и формално ја започна својата работа, со што се создадени услови за функционирање на локалната самоуправа во новиот мандат.
































