Струмичката Православна Епархија повторно организира свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка низ улиците на Струмица.
И годинава литијата во два дела. Започна денеска доцна попладнево по вечерната служба во манастирот „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, во кој се наоѓа светата икона по што со свечена поворка беше пренесена во црквата „Свети Димитриј и Свети Григориј Палама“.
Утре, сабота во 08:00 часот во црквата „Свети Димитриј и Свети Григориј Палама“ ќе почне Светата Божествена Литургија, а околу 10:00 часот ќе тргне свечената литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушница низ центарот на Струмица до плоштадот „Гоце Делчев“, каде ќе се одржи молебен на Пресветата мајка Божја.