четврток, 17 јули 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Необјавени ракописи од Антон Панов ставени во книгата „Мисли и размислувања“ промовирана на неговиот роденден

четврток, 13 април, 2023 | 19:53
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Необјавени ракописи од Антон Панов ставени во книгата „Мисли и размислувања“ промовирана на неговиот роденден

На 117-годишнината од раѓањето на истакнатиот македонски драмски писател Антон Панов промовирана е книга насловена „Мисли и размислувања“, во која се ставени негови досега необјавени записи. Идејата за показ на јавноста на необјавените записи на Антон Панов, преку книга, е на неговиот внук Ѓорѓи Панов, а ја издаде Националната установа што го носи неговото име, Центар за култура „Антон Панов“ во Струмица со финансиска поддршка на Министерството за култура.

„Антон Панов бил човек со сенс за убавото. Тој го знаел македонскиот јазик, ги знаел изразните можности на тој јазик, и затоа со сите сили настојува неговата драма „Печалбари“ да биде изведена на македонски јазик. Замислете во 1935 година за време на Кралството на Југославија, Антон Панов ја поставува „Печалбари“ во скопскиот театар на македонски јазик и истата има доживеано 80 праизведби низ повеќе градови во тогашна Кралска Југославија. Тоа е еден потег, зафат достоен за почит“, кажа еден од промоторите на книгата и делата на Антон Панов, Иван Котев.

Говорејќи за новата книга на Антон Панов, Котев вели дека ваквите мисли и размислувања, како збиен, суштински книжевен израз, со векови наназад го имале своето место во книжевноста, блиски до афоризмот нудат можности на мал јазичен простор да се каже многу, нагласувајќи дека мислите и размислите од оваа книга се вистинско огледало на животот.

Професорката по македонски јазик и книжевност на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, д-р Ана Витанова Рингачева, преку овие размисли Антон Панов го чита како автор со судбина на птица во чие грло застанало коска.

„Размислите на Панов некако тргнале да станат афоризми или можеби биле со намера да се напишат како афоризми, меѓутоа попатно се полнеле со нови слоеви, со нови значења, и денес ги имаме во една ваква форма. Мала е оваа книга по обем, меѓутоа од книжевно-историски аспект навистина многу значања. Овие мисли и размисли на Антон Панов се всушност негова индивидуална меморија, негово сведоштво за едно време кое од денешна гледна точка оддамна требало да одболува некои детски болести. Тогаш гласно и свесно премолчените вистини излегуваат во форма на размисли коишто денес изгубиле на значење, години по нивното пишување, а Панов како афористичар во обид можел и знаел многу да каже за своето време, но очигледно, или не смогнал сили или не сакал да го направи тоа“, кажа Ана Витанова Рингачева.

На промоцијата говореше и поранешниот професор на Битолскиот Универзитет на Катедра за македонски јазик, д-р Јордан Стојановски кој даде една појасна и друга светлина на делата на Антон Панов, посебно осврнувајќи се на „Печалбари“.

Книгата е збогатена и со факсимили од ракописите на Антон Панов, како и со негови фотографии, а откривањето и користењето на овие материјали го овозможи Љубомир Ѓоревски, раководител на архивата на МАНУ.

Пред промоцијата на книгата „Мисли и размислувања“, пред бистата на Антон Панов поставена на платото пред Центарот за култура во Струмица, членови на неговото семејство, негови потомци, вработени во Центарот за култура „Антон Панов“, граѓани почитувачи на неговите дела, положија свежо цвеќе, оддавајќи му почит со едноминутно молчење.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Во БЕНЗОИЛ извлечени првите четворица добитници од големата Наградна игра за 2023-та

Next Post

Денеска е Велики Петок, најтешкиот празник во годината

Related Posts

Младата уметница од Струмица Камелија Каламерникова ќе постави изложба во Градската уметничка галерија
Вести

Младата уметница од Струмица Камелија Каламерникова ќе постави изложба во Градската уметничка галерија

среда, 16 јули, 2025 | 13:18
Жена загина во тешка сообраќајна несреќа меѓу мотоцикл и автомобил кај Владевци
Вести

Загина 33-годишен жител на Иловица – управувајќи мотор удрил во бандера

среда, 16 јули, 2025 | 12:52
СДСМ Струмица реагира: Кој се обидува да се сокрие зад некогаш реномираниот ТВ Канал ВИС?
Вести

СДСМ Струмица реагира: Кој се обидува да се сокрие зад некогаш реномираниот ТВ Канал ВИС?

вторник, 15 јули, 2025 | 22:06
За 8 часа изречени 197 санкции на возачи за брзо возење на подрачјето на СВР Струмица
Вести

Приведени тројца млади струмичани, кај еден од нив пронајдена марихуана

вторник, 15 јули, 2025 | 13:42
Јубилејното 20-то издание на „АСТЕРФЕСТ“ од 4 до 8 август под мотото „Филмски крстопати“
Вести

Јубилејното 20-то издание на „АСТЕРФЕСТ“ од 4 до 8 август под мотото „Филмски крстопати“

вторник, 15 јули, 2025 | 08:13
Од утре стартува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал 2025“
Вести

Од утре стартува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал 2025“

понеделник, 14 јули, 2025 | 17:45

ТОП ВЕСТИ

Загина 33-годишен жител на Иловица – управувајќи мотор удрил во бандера
Јубилејното 20-то издание на „АСТЕРФЕСТ“ од 4 до 8 август под мотото „Филмски крстопати“
Од утре стартува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал 2025“

ВЕБ БИЛБОРД

Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“

ВЕСТИ од Македонија

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

НАЈАВА

Во понеделник – Протестен марш за живот! Воздухот и во лето смрди, се палат депонии
На 11 и 17 јули во југоисточниот регион ќе се изврши втора ларвицидна и теристична дезинсекција
ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот во Струмица ќе одржат трибина – на неа ќе говори и лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски
На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist