Директорот на Дирекцијата за Управување на одземен имот, Дритон Небиу и градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов го посетија ООУ „Даме Груев“ во Куклиш каде на ученици им поделија нова детска облека која била запленета и која наместо да стои во складовите на Агенцијата истата ќе се дарува.
Како што потенцираше Дритон Небиу, од преземањето на функцијата директор, се заложил целиот конфискуван имот и предмети да го распредели на оние кои имаат потреба и им служат. Тој истакна дека досега тоа се уништуваше и расипуваше, а тој е одлучен целиот материјал да се користи, со што освен ослободување на просторот на магацините придобивака ќе имаат и граѓаните и институциите кои можат да ги користат одземените предмети.
Градоначалникот Костадинов информираше дека ова е во рамките на моделот за социјална реупотреба, односно донација за општествени цели на Агенција за управување со одземен имот.
„Да ја развиваме хуманоста, да подаруваме и да го направи поубав светот на нашите дечиња“, истакна Костадинов.