Центарот за развој на Југоисточниот плански регион информира дека дека согласно направениот план на активности за второто прскање против возрасни комарци и ларвицидна дезинсекција, истото ќе се изврши во текот на наредните денови со следниот распоред:
- На 05.07.2023 година (среда)
- со почеток во 19:00 часот, ќе се изврши прскање против возрасни комарци во општините Василево, Босилово и Ново Село.
- На 06.07.2023 година (четврток)
- со почеток во 10:00 часот, ќе се изврши ларвицидна дезинсекција во општините Василево, Босилово и Ново Село,
- со почеток во 19:00 часот, ќе се изврши прскање против возрасни комарци во населените места во општините Гевгелија и Струмица,
- со почеток во 23:00 часот, ќе се изврши прскање против возрасни комарци во општина Дојран.
- На 07.07.2023 година (петок)
- со почеток во 10:00 часот, ќе се изврши ларвицидна дезинсекција во општините Гевгелија, Дојран и Струмица;
- со почеток во 13:00 часот, ќе се изврши ларвицидна дезинсекција во општина Валандово;
- со почеток во 23:00 часот, ќе се изврши прскање против возрасни комарци во град Гевгелија и Струмица и во општина Валандово.
Доколку временските услови се неповолни, дезинсекцијата ќе се изврши кога временските услови ќе бидат подобрени.
Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.