Под покровителство на градоначалникот и Советот на општина Струмица и во техничка организација на Општинскиот сојуз на училишен спорт на Струмица, а во соработка со спортските новинари и спортските работници од Струмица, ќе се организира и одржи традиционалната годишна спортска Манифестација „ИЗБОР И ПРОГЛАСУВАЊЕ НА НАЈДОБРИТЕ СПОРТИСТИ, СПОРТСКИ ЕКИПИ И ТРЕНЕРИ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА ЗА 2022 ГОДИНА“.
Прогласувањето на најдобрите спортисти, спортски екипи и тренери на општина Струмица за 2022 година, ќе се одржи на 03.02.2023 година во хотел „Сириус“ во Струмица со почеток во 20:00 часот.
Ова година изборот на најдобрите и најуспешни спортисти, спортски екипи и тренери, ќе се подели во ТРИ категории:
– ЕКИПЕН СПОРТ
– ИНДИВИДУАЛЕН СПОРТ
– МАСОВЕН СПОРТ
Манифестацијата „Спортист на годината“ е традиционална и се одржува безмалку 60 години.