Во недела на 3-ти Август во селото Колешино, општина Ново Село со почеток во 19:30 часот ќе се одржи културно-забавен настан насловен „Незаборав на заветот“ – Средба на нашинците (враќање дома).
„Колешани од цел свет ќе се вратат дома, ќе ги осветлат изгаснатите домови и ќе се потсетат на заветот од нивните дедовци, никогаш да не го заборават родното место и секогаш да му се навраќаат со љубов и копнеж. Речиси се е подготвено за настанот. Колешино ќе ги дочека своите луѓе во сиот свој сјај“ – стои во најавата од организаторот.