На 27 април, недела од 20:00 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица ќе биде изведена претставата „Среќен мртовец“ од Марјан Анѓеловски, а во продукција на Алтернативен театар „Отпишани“ од Скопје.
„Среќен мртовец“ е сатирична драма за живиот мртовец Живко, кој поради системска грешка добива решение дека починал. Од тој момент животот на Живко се претвора во пекол и борба со нефункционалниот државен систем, бирократија и административни лавиринти. Преку еден апсурден начин, во својата борба да докаже дека е жив, Живко го соголува до гола кожа државниот апарат и сите негови слабости.
Играат: Благој Чоревски, Ирена Илиевска, Марија Лазарова, Ивана Стамевска, Кирил Трајсковски Максим и Јасмин Рамани.
Цена нa билет: 250 денари.
Билетите можете да ги набавите на билетарата во НУЦК „Антон Панов“ Струмица.
Телефон за резервации: 072/233-012.
Недела, 27 април 2025 | 20:00 часот | Центар за култура – Струмица