Регионалниот центар за управување со кризи – Струмица по добиеното известување од АД за неметали „Огражден“ Струмица, ги известува граѓаните кои гравитираат околу рударскиот коп Хамзали дека во деновите 21 и 22 ноември (четврток и петок), во времето од 09:00 до 17:00 часот ќе се врши минирање на рударскиот коп Хамзали.
Се молат граѓаните да се придржуваат кон сите безбедносни мерки кои ќе бидат спроведувани од страна на работниците на АД за неметали „Огражден“ Струмица.