Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека утре (петок, 2 август) Одделот за граѓански работи, односно сите Подрачни единици во рамки на Одделот, како и пунктовите во објектот на МРТВ и „Беко“ во Скопје ќе работат на издавање на готови лични документи на граѓаните (патни исправи, лични карти и возачки дозволи).
Во Скопје (МРТВ и „Беко“) управните служби ќе работат во периодот од 08:00 до 16:00 часот, додека низ државата Подрачните управни служби ќе работат во периодот од 08:00 до 12:00 часот, соопштија од МВР.