На 14 февруари (среда) во 19:00 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица ќе се одржи концерт насловен „Љубов од гитари“. На концертот ќе настапат Славица Ангелова, Ана Цамбулева, Теодора Сретеновиќ и учениците на проф. Васко Пиличев со бенд во живо. Цена на влезницата: 200 денари.