По повод Светскиот ден на бубрегот, во Диаверум Струмица започнува со работа нефролошката амбуланта која е во склоп на Дијализниот центар. Спекатор на услуги започнува од дијагности, третман и следење на бубрежно болните, преку скриниг на пациентите со ризик од равој на бубрежно заболување и превенција, до едукација на пациентите со бубрежни болести.
Многу луѓе со хронична бубрежна болест немаат симптоми, бидејќи оваа болест обично не предизвикува забележителни симптоми сè додека не дојде во напредна фаза. Тоа се случува бидејќи телото обично успева да се справи со значителното намалување на бубрежната функција. Честопати, дијагнозата се поставува кога пациентот се тестира за друга состојба и тестот на крвта и на урината укажува на потенцијален проблем. Раната превенција на оваа тивка болест се постигнува со редовни прегледи.
Прегледите во нефролошката амбуланта опфаќаат:
- Детална анамнеза, физикален преглед и запознавање со медицинската историја,
- Ехоренографија,
- Електрокрадиограм – ЕКГ.
Диаверум препорачува, лицата кои се опфатени со ризик факторите, да прават контрола на бубрежната функција еднаш годишно, со цел навреме да се спречи влошување на работата на бубрезите. Станува збор за лицата кои што се опдатени со следните ризик фактори:
- Долгогодишен покачен крвен притисок,
- Шеќерна болест,
- Напредната возраст (над 65 години),
- Лица со долгогодишни срцеви заболлувања (особено срцева слабост),
- Хронично бубрежно оштетување кај член од семејството (наследни заболувања, како адултна полицистична бубрежна болест),
- Автоимуни заболувања (на пр. Системски лупус еритематодес),
- Долгогодишни проблеми со бубрежни камчиња,
- Зголемена простата со опстуркција.
„Здравствената писменост е клучен елемент на нашето ветување дека на нашите пациенти ќе им обезбедиме бубрежна грижа која ќе им го подобри животот, збогатувајќи го нивното знаење и овозможувајќи да бидат активни учесници во донесување одлуки за нивниот медицински третман и во грижата за себе“, велат од Диаверум.