Детски карневал во Струмица, на сам ден Прочка, како дел од традиционалниот Струмички карневал 2025. Најмалите и годинава ќе се маскираат во голем број, ќе има 480 карневалчиња во 16 карневалски групи, од струмичките градинки и основни училишта. Сите со најразлични маски, секој според својата замисла, идеја и желба како сака да изгледа со помош на повозрасните. Стартот во недела е закажан во 11:00 часот, а ќе продефелираат низ струмичкото корзо кон плоштадот „Гоце Делчев“.