Денеска на празникот Преображение, во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица”, во селото Велјуса, кај Струмица, беше отслужена света повеќеархиерејска Литургија.
На Литургијата началствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот на дидимотиху, орестиада и суфлиу г. Дамаскин во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот струмички г. Наум и на Неговото Преосвештенство викарниот Епископ дремвитски г. Давид.
На Литургијата, после прочитаното евангелско зачало, беседеше Митрополитот г. Наум, а на крајот се обрати Митрополитот г. Дамаскин честитајќи му ја триесетгодишнината од хиротонијата во Архиерејски чин на Митрополитот г. Наум.
По завршувањето на Литургијата за присутните беше приредена трпеза.