Во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица на патрониот празник на градот Струмица – 11 декември, во 13:30 часот ќе биде отворена Изложба на мозаици од авторот Ѓорѓи Томовски.
Авторот ќе се претстави со една особено сложена техника како што е мозаикот, а го става на нашето културно наследство: појаси, килими и друго.
Томовски на своите сликарски платна ја пренесува средината со која е опкружен, секојдневието, далечни населби, градот во ноќта со сите свои знаци и симболи: затемнување, магла, отсјај во ноќта, вкрстување на патишта и слично
Во неговите мозаици се гледа сплотување на камчињата и умешно воден цртеж врз обоената подлога, а користи материјали и постапки кои кои отскокнуиваат од класични мозаички техники. Учествувал на многубројни групни изложби во земјава и надвор од неа.
Томовски дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во класата на професорот Родољуб Анастасов. Учествувал на многу изложби и симпозиуми за мозаик во земјата, но и странство. Учествувал и во изработката на монументалните мозаици во Собранието на РМ чиј автор е проф. Газанфер Бајрам.
Среда, 11 декември | 13:30 часот | Центар за култура – Струмица