На денешен ден, 31 мај 2014 година во Струмица на 79-годишна возраст почина македонската актерка, првенка на Народниот театар „Антон Панов“ Струмица, Зора Ѓоргиева.
Зора Ѓоргиева е родена 26 април 1935 година во Струмица. Од 1953 до пензионирањето во 1996 работела како актерка во струмичкиот театар. Имала одиграно над 150 улоги. Добитничка е на лауреатите на Театарските игри „Војдан Чернодински“ во Прилеп за улогите: Тања (1967): Бланш Дибоа (1970): Баба ни Ева (1974): Јацинта (1975): Андромаха (1987). Во 1988 година од ревијата „Екран“ била прогласена за глумец на годината. Во 1996 година ја добила наградата за најдобро глумечко остварување на ФКТ „Ристо Шишков“ за улогата на Аманда во „Стаклена менажерија“. Била и трикратна добитничка на годишната награда на Општина Струмица и награда за животно дело на 36 МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп во 2001 година.
Таа одиграла и неколку филмски и телевизиски улоги:
1975: Волшебното самарче
1982: Едно лето
1984: Белото циганче
1994: Бумбари
2001: Прашина
2007: Сенки
2013: Игра и спас