сабота, 7 јуни 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

На денешен ден пред 100 години центарот на Струмица бил зафатен од голем пожар

недела, 28 јули, 2024 | 08:28
in Вести, Струмица
На денешен ден пред 100 години центарот на Струмица бил зафатен од голем пожар

Пред точно еден век Струмица била зафатена од голем пожар кој го опфатил централното градско подрачје. Трагедијата на струмичани допрела и до луѓето вон регионот преку илустрацијата на италијанскиот сликар Акиле Белтраме, објавена во неделникот „Ла Доменика дел Кориере“. По пожарот, градот се издигнал од пепелта и ја изградил денешната стара струмичка чаршија, како и други историски објекти од оваа епоха, меѓу кои е и општината.

28 јули 1924 година можел да биде еден вообичаен понеделник во животот на градот Струмица, кој веќе четири ипол години суштествувал како еден од јужните вароши на новото Кралство на Србите, Хрватите и Словенците, подоцна и официјално именувано Југославија. Гратчето под Царевите Кули сѐ уште ги носело раните на изминатото десетлетие, обележано од Балканските војни и Првата светска војна. Сѐ уште стоеле рушевините од големиот пожар кој градот го преживеал во август 1913 година, кога грчките војски и паравојски при отстапувањето на Струмица систематски опожариле една половина од неа откако го иселиле нејзиното патријаршиско, како и дел од муслиманското и еврејското население. Во текот на Големата војна пак градот, тогаш во границите на Царство Бугарија, се нашол на страната на Централните сили кои на крајот загубиле од Антантата. По овие бурни години, Струмица заживувала и го наоѓала своето место во границите на новата држава. Чаршијата заздравувала и го крепела градското стопанство. Сепак, пред точно еден век неколкуте искри кои утрото го предизвикале овој пожар го промениле текот на седмицата која штотуку почнувала, соочувајќи ги граѓаните на надежниот варош со нова катастрофа која го погодила срцето на нивното место.

Новинарските извештаи на белградскиот весник „Време“ пренесуваат детали за текот на пожарот и последиците од него. Пожарот избил претпладне во градската чаршија и за кратко време целосно ја зафатил истата. Според извештај на „Време“ кој пренесува првични информации, испратен од Штип околу 10 часот вечерта на 28 јули, пожарот започнал во еден слаткарски дуќан, но се интензивирал откако зафатил соседни дуќани во кои запаливи материјали предизвикале неколку експлозии кои одекнале од овој долен дел на градот. Дописнички извештај на „Време“ од Струмица од 29 јули конкретно посочува дека пожарот избувнал во „работилницата на Браќата Димитријевиќ“. Освен чаршиските дуќани, куќи и други згради во центарот на градот, пожарот опфатил и неколку установи, имено зградата на управата на Струмичкиот срез — обласна административна единица во кралството, општинското седиште, како и училишна зграда.

Тоа претпладне на струмичката чаршија мештаните во паника бегале од пожарот, некои итајќи в раце со нешта кои успеале да ги спасат. Токму оваа трагична сцена од Струмица одекнала до Италија, допирајќи до сликарот Акиле Белтраме, кој истата ја насликал како насловна илустрација за бројот на неделникот „Ла Доменика дел Кориере“ од 10 август 1924 година. Инаку, Белтраме бил редовен илустратор на насловните страници на овој неделник и важи за сликар кој во време на подем на фотографијата како новинско средство се држел до моќта на сликата да допре до луѓето. Кога починал, весниците го испратиле Белтраме со реченицата: „46 години го илустрираше светот“. Иако за лоша вест, Белтраме ја илустрираше и Струмица.

„Веќе околу пладне во целиот центар на варошот немаше никој затоа што сите куќи овде беа во пламен, а целиот најжив дел од варошот изгледаше како огромно огниште“, пишува дописникот на „Време“ од Штип. Во борбата на струмичкото граѓанство со пожарот се вклучиле сите расположливи сили, вклучително жандармеријата и војската кои биле стационирани во Струмица. Зафатеното население се настанало вон градот, во полето, каде што под ведро небо исчекувало помош. Новинарскиот извештај од вечерта на денот на пожарот песимистички пренесува дека Струмица сѐ уште се борела со големиот пожар кој тој ден не бил локализиран, туку поради ветрот се ширел и се заканувал да го опфати целиот град. Но, по еден ипол ден од избувнувањето на пожарот, вечерта на 29 јули истиот конечно бил изгасен. Иако во пожарот немало човечки жртви, на градот моментално му се заканувала опасност од глад затоа што пекарите и месарниците биле опожарени.

Кога се случил овој голем пожар во Струмица, Илија Шуменковиќ, штотуку избран за министер за трговија и индустрија во новата влада на Љубомир Давидовиќ, бил во посета на македонскиот Исток. Тој допатувал во опожарената Струмица и ја испитал ситуацијата на терен. Биле одделени половина милион динари помош за градот, за кои Шуменковиќ сметал дека ќе бидат доволни за неговото опоравување од последиците од пожарот. Струмичкиот пожар бил тема и на седницата на владата на 1 август, кога министерот за внатрешни работи Настас Петровиќ реферирал за штетите од пожарот. „Изгоре една четвртина од варошот. Најмногу настрада чаршијата, особено колонијалните и манифактурни работилници. Нема криза во становите бидејќи претежно изгореа дуќани. Малиот број семејства кои останаа без кров се сместени во варошот и околните села. Избран е одбор за делење помош и тој веќе започна со работа“, гласи резиме на министерскиот реферат, поместено во краток напис во „Време“.

Повидните струмичани кои биле погодени од пожарот, сопственици на дуќани на чаршијата, ги усогласиле своите интереси и испратиле делегација во Белград. Како што пренесува „Време“, делегацијата која допатувала во престолнината во август била „под водство на господинот Љубе Миладиновиќ, претседател на тамошното Трговско здружение, и со господата Мито Ристомановиќ, индустријалец, Ѓорѓе Манолевиќ, кафеџија, Арсеније Николиќ, учител, и уште двајца претставници на тамошниот еснаф, господата Ѓорѓе Илија Антороровиќ и Панде Кујунџијевиќ“. Струмичката делегација прво се сретнала со Шуменковиќ, а потоа и со министерот Петровиќ, а како што пренесува весникот, била закажана и средба со премиерот Давидовиќ.

Струмичани решиле пожарот да биде повод нивниот разрушен град конечно да се издигне од пепелта натрупена во бурните години, почнувајќи од 1913-та. Делегацијата испратена во Белград јасно го изразила барањето за заем од 25 милиони динари и објаснила како би се потрошиле истите. Барем 10 милиони динари би отишле во општинската каса и би послужиле за најитните работи, пред сѐ за регулација на водоснабдувањето. Токму стариот и пресушен градски водовод од турско време е посочен како една од причините за ширењето на пожарот. Приоритет за општината би била и канализацијата. Со парите од овој заем би се изградил и општински дом, имајќи предвид дека дотогашното седиште на општината изгорело во пожарот. Останатите финансиски средства од заемот делегацијата планирала да се поделат на струмичките трговци и занаетчии кои повеќе или помалку биле оштетени од пожарот, за истите да ги обноват своите бизниси и да продолжат со работа. Во бројки, според написот во „Време“, 265 бизниси и 48 живеалишта биле опфатени од јулскиот пожар.

Дел од струмичките првенци кои биле осигурени во словенечкото друштво „Триглав“ на 30 август 1924 година упатиле јавна благодарност до ова осигурително друштво што останало на врвот на задачата и доследно кон своите корисници им исплатило оштетување. Потпишани на овој документ се: Илија Каратаневиќ, Петар Поп Димитријевиќ, Ѓорѓе Ахтаровиќ, Дино М. Пановиќ, Тома Стамболијевиќ, Атанас Ристиќ, Браќа Галевиќ, Георги Костурановиќ, Браќа Минаневиќ, Чиковиќ и Грчевиќ, Ѓорѓе Илија Антароревиќ, Браќа Чачевиќ, Ѓура Калкашијевиќ, Арсо Димитријевиќ, Кирил Г. Макенаџијевиќ, Мито Алексијевиќ, Тимо Поцковиќ и Илија Ѓорѓијевиќ. Треба да се забележи дека тогашната политика налагала презимињата на овие струмички родови, овде пренесени според оригиналниот српски документ, да завршуваат на -иќ.

Замислата на струмичани, изразена од делегацијата испратена во Белград, била по пожарот Струмица плански да израсне во нов и модерен град со европски стил. Така, од 1924 година натаму датираат куќите и дуќаните на старата струмичка чаршија, која денес претставува историски дистрикт на градот. Општинскиот дом, завршен во 1931 година, денес е седиште на современата општина.

Кирил Ѓоргиев

ShareTweetShare
Previous Post

Германски државјани физички биле нападнати од повеќе лица во угостителски објект и на плоштадот во Струмица

Next Post

Сообраќајка помеѓу „Форд фиеста“ и запрежно возило на патот Добрејци – Пиперево, повредена 73-годишна жена

Related Posts

На две градилишта во Струмица откриени 13 турски државјани кои вршеле градежни работи без соодветна работна дозвола
Вести

На две градилишта во Струмица откриени 13 турски државјани кои вршеле градежни работи без соодветна работна дозвола

четврток, 5 јуни, 2025 | 13:27
Во „Јуроп Хаус“ се одржа панел дискусија „Без ракавици за спортот во Струмица“
Вести

Во „Јуроп Хаус“ се одржа панел дискусија „Без ракавици за спортот во Струмица“

среда, 4 јуни, 2025 | 23:49
Поради сообраќајка патниот правец Струмица – Радовиш се одвива наизменично
Вести

Во прекин е сообраќајот на патниот правец Струмица – Валандово

среда, 4 јуни, 2025 | 10:08
На 9-ти јуни во Струмица – Хуманитарен настан за настраданите во Кочани
Вести

На 9-ти јуни во Струмица – Хуманитарен настан за настраданите во Кочани

вторник, 3 јуни, 2025 | 19:43
„Филигран од мастило“ – стихови напишани во книга од младиот Лука Костов промовирана пред струмичани
Вести

„Филигран од мастило“ – стихови напишани во книга од младиот Лука Костов промовирана пред струмичани

вторник, 3 јуни, 2025 | 11:27
Почна 4-то издание на „Strumica Classic International Festival“ – ќе настапат врвни музичари од Македонија, Чешка и Бугарија
Вести

Почна 4-то издание на „Strumica Classic International Festival“ – ќе настапат врвни музичари од Македонија, Чешка и Бугарија

вторник, 3 јуни, 2025 | 08:51

ТОП ВЕСТИ

Почна 4-то издание на „Strumica Classic International Festival“ – ќе настапат врвни музичари од Македонија, Чешка и Бугарија
Се распееја прекрасни вокали од неколку градови во салата на Центарот за култура – по 15. пат „Под кулите на Струмица“
Се рушат бесправно поставени урбана опрема и објекти на јавни површи во центарот на Струмица

ВЕБ БИЛБОРД

Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

Почина папата Франциск

НАЈАВА

На 9-ти јуни во Струмица – Хуманитарен настан за настраданите во Кочани
Стартува 4-то издание на маѓународниот фестивал на класична музика „Струмица 2025“
Младиот Лука Г. Костов вечерва ќе ја промовира својата прва книга „Филигран од мастило“
КНИЖЕВНА ВЕЧЕР со Жарко Милениќ
Фестивалот на староградската песна и серенада „Под кулите на Струмица 2025“ во четврток во Центарот за култура

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist