Пред четири години (4 јануари 2019 година), на 64-годишна возраст почина долгогодишниот новинар на Македонското радио и еден од основачите на струмичкото „Експрес радио“, Ѓорги Појразовски од Струмица.
Појразовски целиот свој работен век се занимаваше со новинарство, информирајќи преку некогашното Радио Скопје, сега Македонско радио за случувањата и настаните од Струмица и струмичкиот регион.