вторник, 13 мај 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

На денешен ден е роден бардот на македонското глумиште Ристо Шишков

недела, 23 март, 2025 | 07:00
in Вести, Струмица
На денешен ден е роден бардот на македонското глумиште Ристо Шишков

На денешен ден 23 март 1940 година во селото Мрсна, Серско, Егејска Македонија, во ситуирано трговско семејство, роден е Ристо Шишков. Татко му Васил и најстариот вујко лежеле четири години затвор на Крит. Во 1942 година Ристо ја доживува трагичната судбина на децата – бегалци. Преку Бугарија во 1945 година неговото семејство доаѓа во Струмица, каде тој се школува.

Првите негови глумечки искуства ги започнал 1957 година, глумејќи во Народниот театар „Антон Панов“ во Струмица. Таму ги одиграл улогите во претставите: „Ноќи на гневот“, „Лажливец“ како и „Круг со креда“. Приемен испит полагал во 1958 година на Академијата за театар во Белград. Имал првична намера да студира атомска физика, но наеднаш се премислува, па во 1962 година дипломира на Театарската академија во Белград, на отсекот за глума. Една од ретките награди која ја добил за време на неговиот престој во Белград, е наградата за улогата во пиесата „Време, огин и човек“ од Мирослав Беловиќ, во Крагуевац, 1962 година. По двегодишната работа во Југословенскиот драмски театар во Белград, Шишков доаѓа во Скопје и од 1 октомври 1964 година станува член на Драмата на Македонскиот народен театар. Играл во 54 театарски претстави, снимил 11 филмови (во дванаесеттиот, „Води“, неговата ролја е преснимена), пет телевизиски драми и три телевизиски серии, повеќе радиодрами.

Во негова чест, од 1992 година во Струмица се одржува Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“.

Шишков се игра како еден од ликовите во драмата „Вечната куќа“ на Јордан Плевнеш во режија на Дејан Пројковски. Во првата сезона, улогата ја толкувал син му Васил.

Некои од улогите кои ги одиграл се: Спасе во “Македонска крвава свадба”, Луков во “Црнила”, Павел Протасов во “Децата на сонцето”, Андреј Прозоров во “Три сестри”, Леоне во “Господа Глембаеви”, Дон Цезар во “Дон Цезар од Балзан”, Креонт во “Антигона”, Мендељ Крик во “Зајдисонце”, Фјодор Протасов во “Живиот труп”, како и улогата на Чами во “Кенгурски скок”, режирана од Бранко Ставрев.

Покрај неговиот главен ангажман во театарските претстави има оставено и силен впечаток и во филмските улоги. Прва и тоа главна улога ја игра во филмот “Заседа”, во режија на Анте Заниновиќ. Потоа следи неговата дебитантска улога во македонски филм “До победата и по неа”, во режија на Жика Митровиќ, по сценарио на Симон Дракул, каде го глуми митралезецот Трајко. Негов следен ангажман е филмот “Македонска крвава свадба” (1967), во режија на Трајче Попов. Истата година добива епизодна улога во филмот “Каде по дождот”, во режија на Владан Слиепчевиќ. Потоа, следат две негови маркантни улоги и тоа во “Планината на гневот” (1968) и “Републиката во пламен” (1969), двете во режија на Љубиша Георгиевски. Соживеан со голготата на Егејските Македонци, тој ја игра улогата на Парис во филмот “Црно Семе”, работен по истоимениот роман на Ташко Георгиевски, а во режија на Кирил Ценевски. Забележан е еден мал инцидент, после премиерата на овој филм, во која Шишков чул коментар, дека ваков филм може да ги влоши односите со Грција, на што тој бурно изреагирал, во присуство на тогашниот политички врв. “Црвениот Коњ” исто така снимен по романот на Ташко Георгиевски, е неговата следна улога, каде го игра ликот на Ставропулос. По ова се враќа, во еден од највисоко буџетни филмови, снимен во тоа време “Битката на Неретва”, во кој учество земаа Ричард Бартон, Јул Бринер како и Силва Кошчина.

Во својство на секретар на Друштвото на драмски уметници, јавно го изразил своето незадоволство од тоа што се ангажираат не само Југословенски глумци, туку и од надворешни земји како Полска, СССР и Романија. Ова се случило непосредно, пред неговиот филмски ангажман во „Води“, филм во кој цела негова улога била преснимена за да се исфрли неговот учество во филмот.

Неговата судбина, која ја преживеал како дете, прогонето од Егејот, во него всадила инстинкт за праведност и вистина. Не можел да ги премолчи неправдите кон обичниот човек, на сметка на политичките и економските моќници. Во 1979 е обвинет за навреда на српски и хрватски артисти, исто како и на Тито. Обвинет како националист, сепаратист и хегемонист на 15 јануари 1980 заминува во затвор. По боледување умира на 17 јуни 1986 година во Скопје.

Ристо Шишков остави силен впечаток врз многу личности од различни провиниенции (поети, глумци, уметници, режисери итн.). Еден од првите кој му посветува песна на Шишков, е и големиот борец за човекови права на Македонците, публицист и поет, неговиот личен пријател, Коле Мангов. Песната за прв пат е објавена во весникот “Македонија” од Торонто, Канада, на 16 јули 1986 година, месец дена по неговата смрт. Песната, била игнорирана и на еден начин, дневните весници не пројавувале интерес да ја објават. Повторно е објавена во неделникот “Старт”, во 2001 година.

Молчењето на Ристо Шишков

За Ристо Шишков треба да се молчи.

И пак да се молчи.

Но, белината на хартијата чека запис.

И народот очекува запис за Ристо Шишков.

Ристо знаеше да каже: во него има молчење. Многу молчење.

Ристо не молчеше. Зборуваше за сите.

Во него се славеше молчењето на народот.

Огромниот товар на молчењето.

Потоа молчењето избиваше од него.

Како вулкан. Како незапирлив вулкан.

Тој вулкан го однесе Ристо Шишков во вечно молчење.

Сега другите доаѓаат за него. Цела една вечност.

Слава му!

ShareTweetShare
Previous Post

Откриени причините за големиот пожар меѓу Струмица и Баница – ќе се води како кривично дело за кое ќе се лежи затвор

Next Post

ТППЕ Струмица почнува со симулациски вежби за евакуација во случај на пожар и други природни непогоди

Related Posts

МВР: Во Копаница пронајден пиштол кој потекнува од кражба извршена во домот на убиената М.Б. во Струмица од страна на нејзиниот роднина П.И.
Вести

На Кванташки пазар автомобил удрил во пешак

понеделник, 12 мај, 2025 | 17:22
Изгоре викендица во Раборци
Вести

Изгоре викендица во Раборци

понеделник, 12 мај, 2025 | 13:02
Падна дрво врз автомобил паркиран покрај оградата на „монополот“
Вести

Падна дрво врз автомобил паркиран покрај оградата на „монополот“

недела, 11 мај, 2025 | 21:36
Приведен крадец во Струмица, украденото вратено на сопственичката
Вести

Тешко повреден мотоциклист на улиците во Струмица

недела, 11 мај, 2025 | 14:24
Пријавил дека бил ограбен 8.000 евра, полицијата го открила сторителот – неговиот син
Вести

Пријавил дека бил ограбен 8.000 евра, полицијата го открила сторителот – неговиот син

сабота, 10 мај, 2025 | 19:51
Во Струмица се одржа 53-от Државен тракторски натпревар – најдобри домаќините од средното училиште „Димитар Влахов“
Вести

Во Струмица се одржа 53-от Државен тракторски натпревар – најдобри домаќините од средното училиште „Димитар Влахов“

петок, 9 мај, 2025 | 18:51

ТОП ВЕСТИ

Во Струмица се одржа 53-от Државен тракторски натпревар – најдобри домаќините од средното училиште „Димитар Влахов“
Во СВР Струмица одбележан Денот на македонската полиција
Анастасија Цамбулева од Струмица е победник на фестивалот за млади музички таленти „Смотра – Златен глас 2025“ во Сушица

ВЕБ БИЛБОРД

Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

Почина папата Франциск

НАЈАВА

На 22 мај ќе биде промовирана книгата „Раскази од Пирго – монографски приказ на општина Ново Село“
Вечерва сите на плоштадот – играорци од 7 држави ќе заиграт за струмичани
Концерт на Божана Гошева на виолина и Весна Ангелова Христов на пијано во Центарот за култура во Струмица
Струмичкиот театар подготвува нова претстава „Деца на светот“ – премиерата на 15 мај
Ќе се возобнови фестивалот за млади музички таленти „Смотра – Златен глас“ во Сушица

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist