Синоќа, Здружението Камерата Ад Астра беше домаќин на младиот македонски пијанист Иван Стојанов, во класата на проф. Катерина Ќетковиќ Фидановска, кој настапи на вториот концерт во рамки на првото издание на Фестивалот „Подиум Ад Астра“.
Публиката имаше ретка можност да ужива во одличната, внимателно одбрана програма и во виртуозниот настап на Иван, Бетовеновата Апасионата, неколку од Шопеновите Етиди, македонски автори, a го претстави и виртуозниот Франц Лист.
Следниот концерт ќе се одржи на 19 ноември со настап на Филип Велковски – кларинет и Давид Павиќ – пијано.
Фестивалот „Подиум Ад Астра“ финансиски е поддржан од Општина Струмица, а се реализира во соработка со НУЦК „Антон Панов“ Струмица, ООМУ „Боро Џони“ и Младинскиот центар.