На социјалната мрежа Фејсбук градоначалникот Костадин Костадинов објави дека ги потпишал потребните документи со кои на општинската администрација им се зголемуваат платите за 20%. Информацијата за зголемување на платите ја објави споделувајќи и фотографии од потпишување Анекс договор со Синдикатот на УПОЗ.
„Само мотивирана администрација значи ефикасна и човечка локална власт. Потпишан е анексот со Синдикатот на УПОЗ со кој вработените во Општина Струмица ќе добиваат 20% повисока плата! Зголемената плата ќе се исплати со септемвриската плата, во месец октомври“, стои во објавата на Фејсбук страницата на градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов.