Една од најпознатите сказни во светот, познатата „Пепелашка“, конечно и на сцената на струмичкиот театар. Премиерна изведба во недела, 30 март во 12:00 часот на сцената во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица.
Струмичката Пепелашка е во режија, адаптација и сценографија на Кољо Черкезов, а во неа настапуваат: Горан Ников, Васка Ангелова, Оливера Аризанова Мансбарт, Јасмина Вучкова, Танкица Стојанова, Стојан Велков Трн, Ванчо Василев, Михаил Велков, Анкица Бенинова, Кире Стојчевски, Марија Ќосева, Магдалена Трајкова, Вероника Ристова, Филип Ѓеоргиевски, Мирче Ташев и Славе Трајков.
Костимите се на Ванчо Василев, изборот на музиката го направи Стојан Черкезов, а дизајнот на плакатот е на Сијана Галазка Василев.
„Вечната приказна за обесправеноста и верувањето во своите сништа. Приказна која доживеала многу верзии на филмското платно, во анимираниот филм, сликовниците, во балетот… Нашата сценска постановка е еден современ аранжман на познатата приказна, модерна парафраза на познатиот Дизниев цртан филм „Пепелашка“ – велат од струмичкиот театар во поканата до сите дечиња и родители, но и сите тие кои сѐ уште се чувствуваат како деца.