Денеска, петок (19 декември), со почеток во 10:00 часот, од страна на месното население на село Двориште е најавен јавен собир на регионалниот пат П-1302, на делницата Берово – Струмица, на локација позната како „Студенецо“.
Поради одржувањето на собирот, сообраќајот на овој патен правец ќе биде целосно блокиран. Од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) информираат дека возачите кои сообраќаат на релација Струмица – Берово и обратно, ќе треба да користат алтернативни патни правци.
Од АМСМ апелираат до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните знаци и упатствата од надлежните служби, како и да го планираат патувањето навремено.





























