За утре (среда, 24 септември) од 08:00 до 15:00 часот е планиран прекин на електричната енергија на неколку улици во градот Струмица, и тоа: „Јанко Цветинов“, дел од булеварот „Ленинова“, „Ристо Гидалов“, како и „Стрит бар“, „Халк осигурување“ и други. Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица велат дека прекинот е поради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија.