Вечерва на полноќ, на Маскенбалот во „Сириус“ беа избрани принцот и принцезата на Струмичкиот карневал. Тоа се Наско Костуранов и Катерина Јовановска кои утре од 18:30 часот, заедно со кралот ќе го предводат карневалското дефиле на интернационалната карневалска вечер низ улиците на Струмица. Тие од претседателот на ОО на Струмичкиот карневал, Александар Цицимов добија медал со логото на карневалот од 24-каратно злато.