ЈПКД „Огражден“ – Босилово објави соопштение во кое ги известува граѓаните на Моноспитово дека утре, 29 јуни, ќе останат без вода од 10 до 12 часот. Како што објаснуваат од општината, овој прекин на водоснабдувањето се случува поради нерационално користење на водата. Од таму предупредуваат корисниците на општинското водоснабдување во ова населено место да започнат со рационално користење на водата, инаку најавуваат дека рестрикциите ќе се случуваат на дневно ниво.