СВР Струмица информира дека на 17.08.2024 година во 00:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.М.(23) од струмичко село, постапувајќи по претходна пријава од неговиот татко дека на 16.08.2024 година околу 21:00 часот, по кратка расправија му упатувал закани и физички ја нападнал неговата мајка, по што оштетил дел од покуќнината. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.