СВР Струмица поднесе кривична пријава против Д.А.(27) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојничка кражба“ и „тешка кражба’’.
Имено, на 15.07.2023 година во Струмица, пријавениот физички ја нападнал неговата баба А.И., и ѝ одзел пари и мобилен телефон, а претходно во друг случај на 05.06.2023 година на улицата „Димитар Влахов“ во Струмица, од А.Х. одзел пари.